Насловна / Вести / Градоначалникот на Општина Центар, Богдановиќ за состојбите, плановите и ДУП–овите

Градоначалникот на Општина Центар, Богдановиќ за состојбите, плановите и ДУП–овите

Од Одделението за односи со јавност на Општина Центар до медиумите е доставено интервју со Градоначалникот Саша Богдановиќ, дадено за МИА во кое зборува за проектите, состојбата и идните планови на општината. ДУП–овите на кои е прогласен мораториум со цел да се стави крај на непланското работење. Но останува нејасно што со објектите за кои постојат Одобренија за градење и кои се во најголем дел веќе изградени според ДУП-овите на кои е прогласен мораториум и дилемата колку е останато да се спаси. Најави пролетна офанзива за реконструкција на улиците и тротоарите, а и таму каде што е потребно и на канализациската мрежа.

bogdanovik 1

Во каква состојба ја затекнавте општина Центар?
– Со преземањето на општина Центар, на 25 октомври, констатиравме дека општината се наоѓа во добра состојба. Кредитните обврски се девет милиони евра и тоа за изградба на училиштето во Капиштец, кое општината го гради со сопствени средства и за раскинување на договорот за изградба на катната гаража. Општината има обврски од судски пресуди од милион евра поради погрешните политики на Владимир Тодоровиќ и ВМРО- ДПМНЕ. Пример има двојно платени комуналии од Азманов кои што сега треба да се вратат, како и судски пресуди со „Бетон“ за чии услуги работа на проектот „Скопје 2014“ е започната истрага, вели Богдановиќ.

центар

Откако ја презедовте функцијата градоначалник, кои проекти ги реализиравте?
– Општината нема комплетно квалификуван кадар, особено во делот на инспекцијата. Кадри кои се дефицитарни се инспекторите и се работи на носење квалитетен и обучен кадар за покривање на оваа област, а другите сектори располагаат со соодветен кадар. Меѓу првите чекори што ги преземавме е стабилизација на тлото на земјата, т.е. Советот изгласа мораториум за нови градби се до прегледување и испитување на сите ДУП-ови. Ова општина Центар ја чини многу финансиски, но еднаш засекогаш мора да се стави крај на непланското работење. Неопходно беше ставање на овој мораториум за да почнат да се изготвуваат ДУП–ови кои ќе придонесат за нормален развој на Центар по сите параметри и по желбите и интересите на граѓаните, а не по желбите на инвеститорите и моќници, нагласи Богдановиќ.

дебар

Тој потенцира дека се испитува кои објекти добиле одобрение за градба, а не се испочитувани законските рокови.
– Дел од објектите вцртани во ДУП-овите од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт ќе значат узурпација на зеленилото или слободниот простор. Тоа нема да го дозволиме, бидејќи тоа ќе значи дополнително уништување на јавниот простор. Во овој период се врши ревизија и демонтирање на нелегалниот проект „Скопје 2014“. Општина Центар нема да дозволи дивоградби на својата територија, истакна Богдановиќ.

дебар1

Кои се приоритетите на општина Центар?
– На пролет започнуваме со пролетна офанзива за реконструкција на улиците и тротоарите, а и таму каде што е потребно и на канализациската мрежа. До крајот на годината, во соработка со БЕГ, Маџар маало ќе биде поврзано на градско парно греење. Хаосот во паркирањето почнува да се средува. Анализата ќе покаже каде е потребно поставување на монтажни гаражи, кои нема да одат на сметка на узурпирање на јавно зеленило или јавен простор. И годинава ќе се спроведува проектот „Цел Центар на точак“ и „Нега на стари лица во домашни услови“. Ќе се продолжи со практиката за зазеленување на сите слободни површини што може да бидат „маалски“ паркови, а наедно ќе се постават и автоматски системи за наводнување. Во практика оваа активност би опфаќала и поставување нова урбана опрема во рамките на секој парк поединечно и таму каде што е потребно. Како конкретна мерка во поглед на зазеленувањето на слободните површини ќе се изврши и целосно реновирање на Урбан парк.
До сега рекордни 12 милиони и 150 илјади денари ќе се одвојат за реконструкција и одржување на зеленилото. Планирана е изградба на нови паркови, ќе се засадуваат оформени дрвја и ќе се обезбедат 5.000 дрвја кои ќе бидат засадени на повеќе локации. За субвенционирање на печки за пелети одделени се 6.000.000 денари.
Греењето е најголем загадувач и затоа општина Центар заедно со БЕГ започна со подготовки на инфраструктурни проекти со цел во населбата Маџир Маало да се постави топлификациска мрежа за да се замени постојниот систем на греење на дрва и на други горива. Веќе се започнати разговори за започнување на гасификација на општината.
Предвидени се 2.000.000 денари за соларни панели, 40.900.000 денари за енергетски фасади, за субвенционирање за реконструкција на покриви 5.000.000 денари, за лифтови 3.000.000 денари, а за монтажни паркинзи 44.000.000 денари.
Во наредниот период ќе се започне со неколку пилот-проекти за зелени фасади и поставување зелени покриви таму каде што има можности. Општина Центар во изминатите четири години исплаќа субвенции за велосипеди. И оваа година ќе продолжи трендот за стимулирање на граѓаните за да купуваат и користат велосипеди и за ова ќе се одвојат 2 милиони и 800 илјади денари, рече Богдановиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top