Насловна / Архитектура / Градинката Kinder Monte Sinai во Мексико Сити ја поттикнува креативноста кај децата

Градинката Kinder Monte Sinai во Мексико Сити ја поттикнува креативноста кај децата

Градинката Kinder Monte Sinai во Мексико Сити на проектантското биро LBR&A  ја поттикнува креативноста кај децата преку едукативни простори проектирани според нивните димензии и удобност. Просторите создаваат посилно чувство на припадност и создаваат удобно и безбедно опкружување за децата.

13

Предучилишната зграда е проширување на постојното основно и средно училиште. Распоредена е на три нивоа: паркинг, прв кат и втор кат.

5 1

На ниво на паркингот, покрај просторот за паркирање и простор за донесување на децата, додадени се гледалиште и спортска сала само за предучилишна возраст. На првото ниво се игралиштето, главниот двор, библиотеката и првиот кат со училници. Ова ниво го покрива просторот за паркирање, нудејќи многу поволности како што се безбедност и добар поглед од училниците.

10

Училниците се поставени нормално долж главната оска, алудирајќи на концептот на наредени блокови од играчки. На првиот кат, помеѓу училниците, има мали дворови наменети за секоја училница. Зад нив има дворови со растенија и дрвја и скали кои водат на второто ниво. Бидејќи училниците на вториот кат се преклопуваат секоја има тераси.

7

Училниците се проектирани да создадат удобен простор за децата. Внатре има мала кујна, остава и бања. Мебелот е дизајниран според висината на децата. Има вкупно 18 училници, 12 покриени со готови панели и шест со обоено ламелирано стакло.

9

Префабрикувани елементи, како најдобро решение, користени се за облагање на надворешните ѕидови на училниците. Ориентацијата на зградата е јужна, прима сончева светлина во текот на целиот ден, монтажниот материјал одржува стабилна внатрешна температура без директна сончева светлина.

11

Поради ограниченото градење и ограниченото работно време, монтажниот бетон ја олеснил изградбата. Монтажата овозможила дизајн на капки, кружни прозорци поставени на различни висини и квалитетна завршна обработка во бела боја.

6

Големиот распон за покривање на паркингот на приземјето е постигнат со решеткаста конструкција. Правоаголната рамка овозможува флексибилност за архитектонскиот дизајн. Некои од училниците, наредени нормално на решетката се на конзола.

4

Било важно да се постигне и одржливост. Предучилишната установа, поставена свртена кон југ, добива директна сончева светлина за време на часовите, намалувајќи ја потрошувачката на енергија и одржувајќи удобни температури внатре и надвор од училниците. Положбата на кружните прозорци на префабрикуваните панели овозможува природна вкрстена вентилација. Дождовницата и канализацијата се собираат и се третираат во станицата за третман на вода за повторно да се користат.

3 2 12 14 17 16 15 18

Испрати коментар

Scroll To Top