Насловна / Архитектура / Градинка која обликовно им се доближува на децата

Градинка која обликовно им се доближува на децата

Детската гарадинка „Снегулка“ во Фужине, Хрватска е дело на проектантскиот тим од бирото „Студио Мапа“, Маја Станиќ, Војко Станиќ и Мартина Вивода. Проектната задача како што напоменуваат проектантите во старт нудела повеќе ограничувања одошто можности и гласела отприлика вака „нашата желба е во наредните 12-16 месеци да отпочне со работа градинката. Имаме ограничен буџет. Ве молиме со оглед на временските услови и брзината да размислите за модуларна градба. Градинката мора да има кос кров и не скаме да има дрвена фазада“. Архитектите одлучиле да ги прифатат наведените ограничувања, да ги искористат и претворат во предност.

imageedit_5_8962856159

Објектот на градинката со површина од 626 квадратни метри е поделен на помали волумени, со намера на тој начин обликовно што повеќе да им се доближи на децата. Надворешната обвивка од темен профилиран лим се спушта на фасадата од косиот кров и доплнително ја нагласува поделбата на зградата на четири волумена: три единици за градинка и простот за повеќенаменска сала.

imageedit_3_7733990161

Овој најголем и најдоминантен волумен на салата дополнително го нагласува и го формира влезот во градинката од југозападна страна. Просторот на салата, покрај потребите на градинката, задоволува и потреба за социјален простор за жителите на Фужине. Трите единици, кои ги сочинуваат една единица за јасли и две за градинка предвидени се за престој на 52 деца.

imageedit_12_4424829458

imageedit_1_5578485131

Косиот двоводен кров со падот е близок на локалната архитектура, а внатре создава ентериер со пространа висина, што архитектите го искористиле за проектирање на двоетажни простори. Висините на галеријата намерно се помали, за да служат како интимен простор наменет за престој на децата. Организацијата на галеријата создава флексибилно опкружување, подложно на дополнително обликување и користење од страна на своите корисници.

imageedit_7_8842194036

Заиграноста на децата и амбиентот во кој се наоѓа градинката, интерпретитрани се во обликувањето на подолжната фасада со графички приказ на „куќички“. На тој начин фасадата врамена со современа интерпретација на кос кров, создава игра на светло и сенки.

imageedit_19_3630622560

imageedit_14_4000586152

Во ентериерот јасно се доживува ритамот на одвоените единици. Целиот ентериер е дизајниран од дрво, како природнен материјал, кој со својата топлина создава пријатно опкружување за растење на децата.

На фасадата отворите се „помали“, на тој начин потенцирајќи проектирање на доминантно дрвен ентериер кој е осмислен како свет за себе.

imageedit_16_5173591960

Пред единиците на градинката има тераси, а поголемото заедничко игралиште е позиционирано на југоисточната страна, како би било одалечено од главната сообраќајница. Иако е ентериерот свет за себе, влезниот простор е проектиран со простран поглед кон зеленилото покрај реката Личанка, врамувајќи така слика на пејзаж и идила која секојдневно ја гледаат децата.

imageedit_21_7687934907 imageedit_23_7459327721

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top