Насловна / Вести / Google планира да постави оптички кабел помеѓу Кенија и Австралија

Google планира да постави оптички кабел помеѓу Кенија и Австралија

Компанијата Google соопштила дека планира да постави оптички кабел со цел да ги поврзе Африка и Австралија. Станува збор за проект кој ќе ги поврзе Кенија, преку Уганда, Руанда, Демократска Република Конго, Замбија, Зимбабве и јужна Африка, со Австралија. Секоја од наведените земји ќе има свои точки на пристап.

Целта на проектот е да ја зголеми дигиталната писменост, да го забрза економскиот раст и да ја зголеми отпорноста ширум Африка. Освен со овој проект, Google има намера да соработува со владата на Кенија и во областа на сајбер безбедноста, иновациите, дигиталното усовршување и одговорно о безбедно воведување на вештачка интелигенција.

Испрати коментар

Scroll To Top