Насловна / Вести / „Пролет“ на Мане купена за рекордни 65 милиони долари

„Пролет“ на Мане купена за рекордни 65 милиони долари

prolet

Музејот „Џ. Пол Гети“ ја купи сликата насловена „Пролет“ на францускиот импресионист Едуард Мане, за рекордни 65 милиони долари.

Славната слика, на која е претставена париската актерка Жан Демарси во цветен фустан, беше ставена на есенската аукција во Њујорк и била проценета помеѓу 25 и 30 милиони долари.

Оваа сума речиси е двојно поголема во однос на претходниот рекорд од пред четири години, кога неговото дело „Автопортрет со палета“ достигна 33 милиони долари.

По есенската аукција, делото „Пролет“ ќе се придружи во збирката на музејот „Гети“, во која се наоѓаат и други дела од Мане – „Портрет на мадам Бруне“, „Мосиниевата улица со знамиња“, „Борба со бикови“ и „Портрет на Жилиен де Рошеноар“.

Се очекува музејот да ја стави најновата слика на изложба до крајот на оваа година.

Делото „Пролет“ требало да биде една од четирите слики на Мане со парижанки во разни годишни времиња. Но, Мане пред неговата смрт во 1883 година успеал да ги доврши само „Пролет“ и „Есен“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top