Насловна / Вести / Германска компанија прави системи за складирање на енергија од стари батерии на електрични возила

Германска компанија прави системи за складирање на енергија од стари батерии на електрични возила

Фабрика во Ахен, ќе произведува системи за складирање на енергија од расходувани батерии за комерцијални цели. Планирано е нејзиното годишно производство да порасне на 1GWh до 2030 година. Батериите кои ќе се произведуваат во оваа фабрика ќе имаат големина на еден фрижидер, а домаќинствата и компаниите ќе можат да ги користат за складирање на вишокот на електрична енергија произведена со помош на фотоволтаици или ветерни турбини. Фабриката вработува околу 100 луѓе, а компанијата која стои зад овој проект – стартапот Voltfang, тврди дека станува збор за најголем погон во Европа за конверзија на литиум-јонски батерии.

Иако компанијата се надева дека најдоцна следната година ќе започне да работи со добивка, сепак истакнуваат дека не е едноставно да се набават големи количини на расходувани батерии, бидејќи најголем дел од електричните возила се стари само неколку години. Уште една препрека е фактот што новите батерии кои главно потекнуваат од Кина, стануваат се поефикасни и подостапни, додека конверзијата на старите батерии е сложен процес. Сепак, тие сметаат дека користењето на старите батерии е одржливо решение, кое помага во развојот на циркуларната економија и обезбедувањето на енергетската независност.

Испрати коментар

Scroll To Top