Насловна / Вести / Германија ѝ додели кредит на Албанија за изградба на далеководот кон Македонија

Германија ѝ додели кредит на Албанија за изградба на далеководот кон Македонија

Operatorski centar na ES na Albanija

Албанија обезбеди кредит преку германската kFW банка за изведба на електричен далековод со Македонија (400 kV Елбасан – Битола), при што, според потпишаниот договор во Тирана, 30 милиони евра ќе се реализираат веднаш а остатокот во септември. Европската Унија учествува во проектот со 14 милиони евра, додека албанската компанија за пренос ќе вложи пет милиони евра. Се очекува изградбата на далеководот да започне во јануари 2017, а ќе трае три години. Се работи за прва интеконекција на електропреносните системи на Албанија и Македонија. Германија е еден од најголемите донатори на Албанија, откако овие земји ги обновија дипломатските односи во 1988 година. Оттогаш Германија има издвоено над 810 милиони евра за различни проекти во Албанија.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top