Насловна / Вести / Германци ќе градат фотоволтаична централа кај Македонски Брод

Германци ќе градат фотоволтаична централа кај Македонски Брод

fotovoltaicna elektrana

Фотоволтаична централа која ќе произведува еден мегават електрична енергија близу селото Инче во Македонски Брод ќе гради германската компанија мини хидроцентрали од Меминген.
Откупени се 28 илјади метри квадратни на кои ќе бидат поставени сончевите колектори и опрема. Инвестицијата е еден милион евра, пари обезбедени од Европската банка за развој.
Германскиот инвеститор, сака да ги откупи и останатите три локации за оваа намена близу Инче. За нив велат локалните власти има интерес и меѓу домашни компании. Бидејќи Електро Израел испитал дека на овој дел од Македонија годишно има најмногу сончеви денови.
Од германската компанија мини хидроцентрали која во Европа има над 40 мали хидро и фотоволтаични централи тврдат дека со максимална искористеност на сончевите денови и часови, инвестицијата се врака за осум години, а одржувањето е минимално и нема еко загадување.

Испрати коментар

Scroll To Top