Насловна / Ентериери / Геометриски скалила кои креираат естетика

Геометриски скалила кои креираат естетика

1
Ентериерното студио Edit Architects, во областа Карлин, во Прага работеше на ентериерното уредување на стан каде посебен акцент е посветен на импресивните скалила со геометриски мотиви на оригами на задната страна на скалишните краци што е отворена кон ентериерот.

2 3
Со особено чувство за естетика и играта со геометриските форми, архитектите создаваат висок квалитет на моделирање и необичен, геометриски “ѕид” отворен кон ентериерот во различни проекции. При тоа чистата белина на геометријата е разбиена со контрастот на топлиот дрвен под, во ентериерот и на скалниците, создавајќи органска конекција и топлина.

5 4

Испрати коментар

Scroll To Top