Насловна / Архитектура / Gensler го откри проектот за фудбалскиот стадион на Al-Ahly во Египет

Gensler го откри проектот за фудбалскиот стадион на Al-Ahly во Египет

Архитектонското биро Gensler го откри својот проект за брановиден стадион надвор од Каиро, кој ќе биде првиот дом на фудбалскиот клуб Al-Ahly.

Во соработка со инженерската компанија Buro Happold и инвеститорот на фудбалскиот тим El Qalaa El Hamraaс, стадионот со 42.000 седишта ќе има закривена асиметрична фасада и вкопан фудбалски терен.

Проектиран како значаен објект за поширокиот мастерплан на спортскиот град Al-Ahly Club Sports City, ќе биде првиот домашен стадион за египетскиот клуб Al-Ahly и ќе биде домаќин на други големи настани во текот на целата година.

Лоциран во близина на меѓународниот аеродром Sphinx, помеѓу Каиро и Александрија, Gensler го проектирале теренот на стадионот да биде вкопан во земја за да се усогласи со ограничувањата за висина поради патеките за летање.

Според бирото, вкопаниот терен ќе има корист од пасивно ладење од околната земја.

„Со надминување на предизвиците на локацијата и интегрирање на одржливи, врвни решенија, нашиот проект има за цел да создаде значајно место што го отелотворува духот на клубот и делува како културен и економски катализатор за регионот, оставајќи трајно влијание и во Египет и пошироко“, изјави шефицата на спортскиот оддел на Gensler за Европа, Tayomara Gama.

Со намера да поттикне врска помеѓу навивачите и играчите, Gensler проектирале трибини на две нивоа околу теренот од три страни.

На четвртата страна, лачен прозорец на горното ниво ќе пружа поглед на вкопаниот терен од јавен плоштад.

Асиметричниот покрив ќе биде поддржан од конструкција од кабелска мрежа, со што ќе се создаде отворен стадион со непречен поглед за гледачите.

„Нашата визија за првиот дом на Al-Ahly беше да создадеме место каде секој навивач ќе се чувствува поврзан“, рече директорот на Gensler, Russell Gilchrist.

„Со воведување иновативни пристапи кон локацијата, конципиравме проект кој гарантира дека стадионот ќе биде еден од најпрепознатливите во светот“, продолжува и додава: „Од потопен сад до култниот структурен лак, секој елемент е замислен да даде неспоредливо искуство“.

Јавниот плоштад, наречен Owners’ Plaza, ќе го означува главниот влез на стадионот и ќе има многу кафулиња, продавници и музеј на Al-Ahly.

Со цел да ги слави верните фанови, Owners’ Plaza ќе има патека со имињата на членовите на клубот врежани на поединечни тули.

Делот за ВИП зоната ќе вклучува ексклузивни трпезарии и прозорци со поглед на тунелот каде играчите влегуваат на теренот.

Испрати коментар

Scroll To Top