Насловна / Вести / „Газпром Енергохолдинг“ го шири портфолиото во Србија

„Газпром Енергохолдинг“ го шири портфолиото во Србија

Од 2018 година, „Газпром Енергохолдинг“ работи на проектот за ветерен парк со инсталирана моќност од  200 MW во Србија, но поради ограничувањата кои ги донесе пандемијата, напредокот не оди според планот. Пандемијата предизвика пролонгирање на реализацијата на уште еден проект на оваа компанија во Србија. Станува збор за когенеративната електрана во Панчево, исто така со инсталирана моќност од 200 MW. Претходно е соопштено дека оваа електрана треба да започне со производство во последниот квартал од 2020 година. Сепак, и покрај околностите, компанијата прави напори гасната електрана ТЕ-ТО Панчево да биде на мрежа до средината на оваа година. Постројката во Панчево е прва електрана на „Газпром Енергохолдинг“ надвор од Руската Федерација. Според официјалните лица на оваа државна компанија, која 100% е во сопственост на „Газпром“, се разгледува моќноста за изградба на уште три гасни електрани со ист капацитет во Србија. Изградбата на ТЕ-ТО Панчево започнала во март 2019 година, а кога ќе започне со работа ќе ги снабдува со електрична и топлинска енергија Рафинеријата за нафра во Панчево, со која стопанисува Нафрената Индустрија на Србија (НИС), но и самиот град. „Газпром“ е сопственика на 51% од НИС, а остатокот е сопственост на Владата на Србија.

gazpromserbia1

gazpromserbia2

gazpromserbia3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top