Насловна / Архитектура / Вила во која луксузот се меша со природата

Вила во која луксузот се меша со природата

Сместено во бујното зеленило на џунглата од Костарика, недалеку од градот Увита, постои скриен рај на земјата – место што ви овозможува да се приближите до природата, да го расчистите умот и да искусите луксуз и авантура истовремено.

vila

Прекрасната бетонска вила „Арт“ е дел од луксузно одморалиште каде три вили, секоја со своја смела и уникатна архитектура и стил, формираат една хармонична целина подредена на апсолутно уживање.

Така, покрај вилата „Арт“, во одморалиштето спаѓаат и куќите „Ателје“ и „Коко“ со тераса „Крило“, која се карактеризира со поинаков дизајн, но иста отвореност и поврзаност со природната средина.

Архитектонско дело на чешката компанија Refuel Works, двокатната вила се простира на 570 квадратни метри и е надополнета со бесконечен базен кој лебди над закосен терен со поглед на море.

vila1

Покрај пространата заедничка површина што вклучува фоаје, дневна соба, кујна со трпезарија и покриена тераса покрај базенот, вилата е опремена со вкупно пет спални соби со приватни бањи.

Во подрумот има игралиште, теретана, сала за танцување, гардероба и помошни простории.

Дизајнот на вилата е инспириран од атмосферата и разновидноста на Централна и Јужна Америка. Друга чешка компанија вклучена во проектот е Формафатал, која беше задолжена за дизајнот на ентериер.

Покрај околната природа и џунгла, дизајнерите пронајдоа инспирација и во делата на бразилскиот архитект Пол Мендез да Рош.

vila2

Бетонските sидови беа намерно оставени нетретирани со цел да се нагласат деталите во ентериерот, избраните материјали, зеленилото, водата и да се создаде необична средина како целина, истовремено груба и луксузна.

Вилата е претежно опремена со мебел и осветлување кои биле дизајнирани и изработени по нарачка на локални занаетчии или биле произведени во Чешка од каде биле доставени до одморалиштето.

vila3

Така, еден од најатрактивните елементи во ентериерот е атрактивното осветлување на чешкиот производител „Бома“. Колекцијата на светилки “Shibari” го збогати просторот на спалните соби и дневниот простор со својот провокативен дизајн што ја нагласува одличноста на изработката и квалитетот на материјалите.

Друг елемент во ентериерот што привлекува внимание се рачно насликаните плочки во кујната кои носат мотиви од џунглата. Сцените насликани на ѕидот хармонично го следат зеленилото што ја опкружува вилата.

vila4

Благодарение на областите со големи прозорци, сликите од природата стануваат дел од внатрешноста не само на кујната, туку и на целата вила.

Подовите на спалните и бањите се украсени со украсни плочки, направени по нарачка во Никарагва.

vila6

Атрактивните светилки Shibari украсуваат ентериери во спалната соба, како уметнички дела.

Тиковината, металот и лен се материјалите што доминираат во просторот, кои заедно со уникатните парчиња мебел во светли и пастелни бои внесуваат свежина и живост во бетонскиот ентериер на вилата.

vila7 vila8

 

vila9

vila10

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top