Насловна / Вести / Гасоводот „Северен тек 2“, ќе биде завршен за неколку недели

Гасоводот „Северен тек 2“, ќе биде завршен за неколку недели

“Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на август. Досега е завршено со изградба на 98% од гасоводот. Преостанатите 2% се однесуваат на едната од двете линии. Другата линија е целосно завршена. “, рекол шефот на „Северем тек 2“, Матијас Варниг, за германскиот весник Handelsblatt. Според неговите зборови, целта е гасоводот да проработи оваа година. Гасоводот е долг околу 1200 километри и минува преку Балтичкото море, и ќе може да пренесува 35 милијарди кубни метри гас годишно, заобиколувајќи ја Украина. Украина долго беше главен јазол за рускиот гас кон Западна Европа и на тоа добро заработуваше. На прашањето за улогата на Украина како идна транзитна земја за рускиот гас, Варниг рекол дена ни најмалку не се сомнева дека транзитот „и натаму ќе биде интегриран дел од транспортот на гасот од Русија во Европа и после 2024 година“. Моменталната спогодба за транзит помеѓу Русија и Украина истекува на крајот на 2024 година. Германската влада веќе го покренува ова прашање во разговорите со Русија. САД стравуваат дека овој проект ќе ја направи Европската унија зависна од рускиот гас. Приврзаниците на проектот тврдат дека САД само бара можност да го продаде својот втечнет природен гас во Европа.

nord stream1

nord stream2

Испрати коментар

Scroll To Top