Насловна / Архитектура / Галеријата Цукрарна во Љубљана најубава Baumit фасада во 2022 година

Галеријата Цукрарна во Љубљана најубава Baumit фасада во 2022 година

Доделување на наградата Baumit Life Challenge се одржа по петти пат во Валенсија. Покрај дизајнот, изгледот и квалитетот на изведбата, при евалуацијата на проектите земени се во предвид и други критериуми како што се социјалните аспекти, одржливоста и употребата на градежни материјали што штедат ресурси.

1

Од над 300 пријавени проекти, на публиката и беа претставени вкупно 36 најдобри проекти – шест финалисти од шест категории.

Галеријата Цукрарна во Љубљана е прогласена за победник на меѓународниот натпревар Baumit Life Challenge 2022 за избор на најубава фасада во Европа.

11

Победничкиот проект Галеријата Цукрарна е одличен пример за тоа како старата неискористена индустриска зграда, поранешна фабрика за шеќер, добила нов живот и сосема нова намена преку внимателно планирање и реновирање. Фабриката за шеќер авторски ја потпишуваат архитектите Марко Студен, Јернеј Шипош и Борис Матиќ од бирото Scapelab, кои во 2009 година победија на меѓународен конкурс за проектирање на нов изглед на оваа зграда стара речиси 200 години.

se1

se

se2

По детално разгледување, 13 членови на меѓународното стручно жири одлучиле кои се победниците во шест категории: Семејна куќа, Станбена зграда, Термичко реновирање, Историска реставрација, Нестанбен објект и Восхитени од текстура.

Покрај Словенија причина за славење имаа уште четири земји. Австрија освои награди во категориите Историска реставрација со проектот „Friedensburg Schlaining“ и Восхитени од текстура со проектот „Live in the Green_Joseph Lister Street“. Германија се радуваше на победата во категориите Термичко реновирање и Нестанбен објект. Стручното жири за прв пат награди проектот од Ирска, во категоријата Семејна куќа. Земјата домаќин, Шпанија успеа да победи во категоријата Станбена зграда со проект од Мадрид.

2

„Она што денес важи за престижен меѓународен натпревар започна во 2014 година со покана од Baumit до сите европски земји, да и ги покажат на јавноста своите најубави фасади. Сега, секоја втора година, на додела на наградите Life Challenge, гледаме што постигнува совршена симбиоза на имагинација и вештина и како комбинацијата на иновативни материјали, структури, форми и бои создава фасцинантни фасади“, изјави Роберт Шмид, сопственик на Baumit и иницијатор на натпреварувањето Life Chalenge.

Семејна куќа: House Connemarra II – Ирска

kuka

Станбена зграда: LaScalA – Шпанија

stanb

Нестанбен објект: Bavarian College Augsburg – Германија

nestanb

Историска реставрација: Friedensburg Schlaining – Австрија

istor

Термичко реновирање: Volkach Comprehensive School – Германија

termal

Восхитени од текстура: Live in the Green Joseph Lister Street –  Австрија

teks

Baumit International основана е во 1988 година и е еден од водечките европски производители на градежни материјали. Baumit е лидер на пазарот во производството на фасадни термоизолациски системи (ETICS) и завршни премази за фасади во Централна Европа.

Повеќе за Baumit Life Challenge можете да видите тука.

Испрати коментар

Scroll To Top