Насловна / Архитектура / Френк Гери со хотел посветен на виното

Френк Гери со хотел посветен на виното

frenk geri vo spanija_11_resize
Следејќи го успехот на Френк Гери и неговото дело музејот „Гугенхајм“ во Билбао, според познавачите на неговото творештво, било сосема природно овој познат архитект да биде уште еднаш ангажиран во Шпанија. Па така, архитектот бил повикан со своја креација да промовира шпански регион препознатлив по своите најголеми деликатеси – виното. Во прашање е познатата шпанска винарија „Маркиз де Рискал“, основана во 1858 година.frenk geri vo spanija_03_resize

Френк Гери успеа оваа стара винарија, којашто е производител на едни од најскапите вина во светот, да ја трансформира во исклучителен комплекс, кој вклучува хотел со пет ѕвезди, спа и музеј за вино.

frenk geri vo spanija_02_resize
Традиционално, винариите од овој регион не се отворени за јавноста, па затоа планот на Гери бил редефинирање на идентитетот и оживување на имиџот на регионот со современи туристички атракции. Луѓето од „Маркиз де Рискал“ сметале дека оваа традиција на затвореност треба да се напушти и да им се овозможи на посетителите уникатно искуство во нивната винарска визба.frenk geri vo spanija_10_resize frenk geri vo spanija_09_resize
Зборувајќи за инспирација за ова здание, Гери објаснил дека неговата цел била да го вклучи карактерот на регионот во објектот. Иако на објектот се појавуваат препознатливите скулпторски елементи од титаниум, градбата е направена од камен, додека скулпторско титаниумската обвивка се прелива во светкаво виолетова и темноцрвена – боите на овдешните вина. Во ентериерот, исто така, суптилно и вкусно преовладуваат елементи кои се поврзани со виното и неговата производствена технологија.

frenk geri vo spanija_05_resize frenk geri vo spanija_04_resize
Ова може да се види во боите и материјалите што се применети – преовладуваат акценти во пурпурна и црвена боја.
На ѕидовите се појавуваат специјални „штандови“ за изложување на вината, а винскиот бар има изглед на винарска визба.
Колку целиот комплекс е посветен на виното, може да се заклучи од фактот што спа центарот на овој хотел нуди терапија исклучиво со вино и со разновидни вински третмани.

frenk geri vo spanija_07_resize frenk geri vo spanija_06_resize frenk geri vo spanija_08_resize frenk geri vo spanija_01_resize
Сите козметички производи се направени од екстракт од грозје и специфична минерална вода.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top