Насловна / Вести / Продолжуваат активностите на коритото на Отиња во Штип

Продолжуваат активностите на коритото на Отиња во Штип

otinja ok
Уредувањето на коритото на реката Отиња во Штип ќе продолжи и покрај временските услови, најави локалната власт од Штип.

По уредувањето на првиот дел од мостот на Стопанска банка до камениот мост, од деновиве започна конструкцијата на речното корито на втора локација, од камениот мост па надолу кон мостот кај штипската гимназија. При конструкцијата на првиот дел од коритото прво се уредува средишниот дел, кој вклучува трасирање на патеката низ која би поминувала водата, по што следи конструкцијата на страничните ѕидови.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, вели дека активностите на коритото на Отиња продолжуваат со несмален интензитет, а прекин на работата може да се случи само ако има екстремни временски услови. Значително интензивирање на активностите, вели тој, ќе следат по месец март идната година.

Граѓаните на Штип изразуваат огромно задоволство што коритото на реката конечно го добива својот лик, имајќи предвид дека со конструкцијата на платформите, со пренасочувањето на каблите а посебно со поплавите од февруари годинава, коритото беше руинирано и претставуваше грда слика за Штип.

Главен инвеститор во проектот е Општина Штип, која има голема поддршка од правни и физички лица кои донираат материјали за обнова на коритото, додека каменот е донација од рудникот „Бучим“.

Испрати коментар

Scroll To Top