Насловна / Архитектура / Административен објект “Mythos” од архитектонското студио ARX

Административен објект “Mythos” од архитектонското студио ARX

Mythos (5)
Сместен во една од најатрактивните дестинации нa Лисабон, Parc de Nações, наспроти импозантната железничка станица на шпанскиот архитект Santiago Calatrava, како и бројни неповторливи архитектонски дела од лисабонското Експо ’98, објектот Mythos е дел од 16-те реализирани проекти поддржани од компанијата IMOCOM на интернационалниот конкурс во 2006 година.
Mythos (6)
Контекстот се сведува на дизајн на црна, непрозрачна ортогонална школка, која креира цврсто дефинирана приватност во ентериерот. Неопходната транспарентност е обезбедена со одземање на аглите на објектот во единствен потег, со цел да се доловат најдобрите визури кон опкружувањето, како и адекватно да се заштити внатрешноста од преголем степен на сончевина.
Mythos (4)
Квадратурата на интегрираните зелени површини во внатрешноста е идентична со останатата функционална површина, со цел да се надомести и ревитализира природната пејзажна претстава. Одземените волумени на аглите од црната полна структура, пак, се дизајнирани како фикција на врамени пејзажи кон артифициелниот и современ урбан контекст, филтрирајќи ја релацијата помеѓу ентериерот и екстериерот…
Mythos (7) Mythos (9) Mythos (10) Mythos (2) Mythos (1) Mythos (3)

Испрати коментар

Scroll To Top