Насловна / Вести / Францускиот план со водородот и нуклеарките

Францускиот план со водородот и нуклеарките

Французите сакаат да им парираат на германците во трката со зелениот водород. Франција создава своја сопствена визија на зелената енергетика, користејќи ги постојните нуклеарни потенцијали. Намерата е да се користи електричната енергија од нуклеарките за производство на водород, гориво кое е емисиски неутрално, и во овој случај уште и произведено од обновливи извори. „За Франција водород е интересен како гориво во тешкиот транспорт и во производството на челик“, објавил министерот за финансии и економија Bruno Le Maire, нагласувајќи дека земјата сака да инвестира седум милијарди евра до 2030 година во зелен водород кој во целост би бил произведен во Франција. Планот е да се изгради електролизатор со моќност од 6,5 GW. Со тоа, според ангажманот во водородна енергетика Франција би се нашла веднаш покрај Германија, а целта е да бидат отворени повеќе работни места.

Во јуни Германија усвои план вреден девет милијарди евра за развој на водородна енергетика, а целта е земјата да биде европски “број 1“. Се планира изградба на електролизатор со моќност од 5 GW дo 2030.

france2

france3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top