Насловна / Арт и дизајн / Јавни тоалети во Токио со транспарентни стаклени ѕидови (видео)

Јавни тоалети во Токио со транспарентни стаклени ѕидови (видео)

На улиците на Токио поставени се јавни тоалети со транспарентни стаклени sидови осветлени во разни бои.

2_resize

Тоалетите се поставени во двата парка Шибује, деловниот дел на јапонската престолнина, и се дело на архитектот и дизајнер Шигеру Бан.

1_resize

Тие се дизајнирани да решат два проблеми при користење јавни тоалети – да можат луѓето да проверат дали е чисто без да влезат и да знаат дали има некој внатре.

Сега жителите на Токио треба само да погледнат низ обоеното стакло.

3_resize

Секако, не би било многу пријатно да одите во тоалет и да ве набљудува целата улица, но Јапонците не би биле Јапонци доколку не би смислиле решение и за тоа.

Штом некој влезе во тоалетот и ја заклучи вратата, стаклото веднаш се замаглува и повеќе низ него не може да се гледа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top