Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Франција сепак го избра „GE“ за купувач на дел од „Алстом“

Франција сепак го избра „GE“ за купувач на дел од „Алстом“

o-GE-SIEMENS-ALSTOM-facebook
Француската влада ѝ ги постави последните услови на американската групација „Џенерал електрик“ (GE) за енрегетскиот огранок на „Алстом“, односно сака да биде гарант за овој „сојуз“.

Притоа, француската влада врши притисок врз „Буиг“, еден од главните акционери на „Алстом“, за да купи 66 отсто од акциите, а за цената сè уште се преговара, јави дописникот на МИА од Париз.

„Џенерал електрик“ не беше првиот избор на француската влада, која повеќе гледаше на еден европски сојуз со германската група „Сименс“. Истовремено, владата сака да влезе во „Алстом“ со висина од 20 проценти на капиталот, што треба да ѝ дозволи да ги диктира настаните во управниот одбор на „Алстом“, на неговиот претендант „GE“ и првиот акционер „Буиг“, од кој француската држава сака да купи 29,4 отсто од акциите.

Испрати коментар

Scroll To Top