Насловна / Вести / Фотографска изложба „Вики ја сака Земјата“ во Галерија „Осум“

Фотографска изложба „Вики ја сака Земјата“ во Галерија „Осум“

Na_Golem_Krchin

Вчера во Галерија „Осум“ во Старата скопска чаршија, беше отворена изложба на фотографии како дел од проектот „Вики ја сака Земјата“ – натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Исто така, на отворањето беа прогласени и наградените фотографии и нивните автори.

Галичица,_поглед_на_две_езера,_2011

Дарко Цветановски

Тоа се „Високо на Крчин, дел од Националниот парк Маврово“ на Мартин Димитриевски, „Поглед на Охридско и Преспанско Езеро од планината Галичица“ на Дарко Цветановски, „Карпа во близина на селото Трпејца во Охридското Езеро“ на Даниела Стефаноска, „Поглед од Националниот парк Галичица кон Преспанското Eзеро“ на Сашо Попоски и фотографијата „Пеперуга на цвет од круша, во селото Мажучиште, Прилеп“ од Мартин Ташкоски.Бескрајност,бр.3

Даниела Стефаноска

Инаку, натпреварот беше прв пат организиран минатата година од страна на Википедија на украински јазик, додека во 2014 година се спроведе во повеќе различни земји, меѓу кои и Македонија. Нашата земја се најде на првото место со вкупно 12.695 фотографии помеѓу останатите 19 земји-учеснички.Park_Galicica_2013

Сашо Попоски

Цвет_од_круша_и_пеперуга

Мартин Ташкоски

Испрати коментар

Scroll To Top