Насловна / Екологија / Соларен систем за наводнување

Соларен систем за наводнување

3d48f8401c-1243x699
Во последно време многу се работи на иновативни концепти во процесите за производство на храна. Пример за еден таков концепт е уредот „Edyn“ кој ги следи параметрите на почвата и  може многу да придонесе за квалитет во земјоделското производство. Со помош на огромна база на податоци, „Edyn“ оптимално ги подесува наводнувањето и ѓубрењето за секој вид на растение. Системот е потполно автоматизиран, користи соларна енергија и може да се следи преку апликација на мобилниот телефон. Оптималните услови за растенијата подразбираат, освен добра влажност, и добро pH ниво, како и оптимално количество на ѓубриво. Со помош на сензори, „Edyn“ сето тоа го контролира. Целиот систем се состои од два дела. Сонда која обезбедува податоци за околу 23 м2, како и соларен вентил за контрола на доводот на вода. Двете компоненти користат соларна енергија со која се полни литиум-јонската батерија.edyn4

Испрати коментар

Scroll To Top