Насловна / Арт и дизајн / Фотосојузот на Македонија објави конкурс „Денови на македонска фотографија 2021“

Фотосојузот на Македонија објави конкурс „Денови на македонска фотографија 2021“

Фотосојузот на Македонија, кој годинава одебележува 75 години постоење, го објави конкурсот за 59. Државна изложба на фотографии „Денови на македонска фотографија 2021“ – реномиран и најстар фотографски настан во нашата држава.

Рокот за прием на фотографии е 15.04. 2021, а за победниците ќе одлучува жири во состав: Цветан Гавровски – мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија, Душан Доцевски – кандидат мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија и Мирослав Масин, академски сликар. Ррезултатите ќе бидат објавени на 30.04.2021., а отварањето на изложбата ќе се случи на 29.05.2021. Теми на конкурсот се: „Слободна“ за поединечни фотографии; „Слободна“ за колекција; „Документарна“ фотографија.

ff

На тема „слободна“ ќе се примаaт црно-бели и колор фотографии. Секој автор може да испрати 4 фотографии во поединечна и 4 фотографии во колекција. На тема „Документарна“ можат да се испратат 4 фотографии кои ќе содржат приказ на случувања од јавниот живот во Р.Македонија, или надвор од границите на нашата држава.

Покрај награди ќе се додели и посебно признание Плакета „Благоја Дрнков“.

Повеќе информации за конкурсот можете да видите тука.

Испрати коментар

Scroll To Top