Насловна / Вести / Прозорци кои произведуваат струја

Прозорци кои произведуваат струја

Овие „прозорци“ изгледаат како витраж и можат да бидат поставени на кое било место од надворешната страна на зградата за да произведуваат електрична енергија во текот на целиот ден.

Истражувачи од Универзитетот Рајс во Тексас развија прозорци кои се способни за производство на електрична енергија користејќи сончева или вештачка светлина. Овие прозорци се состојат од два акрилни панели меѓу кои има специјално развиен полимерен материјал кој е во состојба да апсорбира светлина со одредена бранова должина и да ја спроведе до работ на плочата каде што има фотоволтаични ќелии што произведуваат енергија.

prozorci

Полимерниот материјал апсорбира и емитува црвено светло, што го прави прозорецот црвено, но се очекува дека малите промени во молекуларната структура ќе овозможат производство на полимери кои ја извршуваат истата улога, но испуштаат светлина со различна боја.

“Мотивацијата за ова истражување беше да се решат проблемите поврзани со енергијата користејќи соларни генератори кои би биле интегрирани во самата зграда“, објаснува Јилин Ли, главен автор на ова истражување.

“Во моментот, соларните покриви се широко распространето решение, но потребно е да се постават на таков начин што да се соочуваат со сонцето за да се зголеми ефикасноста, а во исто време тие не се многу пријатни за окото. Затоа размислувавме, зошто да не направиме транспарентни сончеви колектори од разни бои што можат да бидат поставени од надворешната страна на зградата?“, вели тој.

Истражувањето е објавено во списанието „Полимер Интернешнл“, а резултатот е „прозорци“ што можат да произведат електрична енергија и да личат на витраж.

Иако идејата работи одлично, количината на енергија што може да ја произведе овој вид соларен генератор е сепак многу пати помала од онаа добиена со употреба на стандардни соларни панели, пишува Клима 101.

prozorci1

Во моментов, ефикасноста на просечните соларни панели во употреба е околу 20 отсто, додека ефикасноста на овие прозорци е само околу три отсто, но она што е интересно е фактот дека тие можат да произведуваат електрична енергија дури и со вештачка LED светлина, така што тие практично никогаш не запираат работи.

Сигурно ќе биде потребно извесно време за да се усоврши и комерцијализира овој пронајдок, но примената на „прозорци“ способни за производство на електрична енергија може да биде многу интересна и да придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови (GHG) од зградата. За потсетување е дека зградите се одговорни за над 17 отсто од вкупните емисии на стакленички гасови во светот и дека тие придонесуваат повеќе за климатските промени отколку целиот транспорт на планетата.

Испрати коментар

Scroll To Top