Насловна / Архитектура / Куќа “I” од студиото Asai Architects

Куќа “I” од студиото Asai Architects

Куќа I (1)
Објектот е сместен во станбена населба во Сетагаја, Токио, во област наречена “Isshu teiso jukyo chiiki”, што во буквален превод би значело „категорија на ексклузивна резиденцијална област со ниска градба“, која главно се карактеризира со двокатни и трикатни објекти.

Куќа I (2)
Архитектонскиот контекст е дефиниран од два паралелно поставени волумени, на парцела на аголот на главната траса на локацијата, помеѓу кои е имплементирано зенитално осветлување со цел да се креира внатрешен простор, истовремено отворен и приватен. Овој внатрешен простор е покриен со дрвени лајсни кои служат како тераса, создавајќи идеален простор за дневен престој.
Куќа I (6) Куќа I (5)
Дрвјата се позиционирани во шест надворешни триаголни простори од слободниот партер, со цел да се задржи отвореноста на ентериерот, додека ниското зеленило посадено на секој агол од парцелата го зголемува чувството на приватност во однос на густо населеното опкружување.
Куќа I (3) Куќа I (4)

Испрати коментар

Scroll To Top