Насловна / Екологија / ИПА проект за заштита на Дојранско Езеро

ИПА проект за заштита на Дојранско Езеро

Nace Popov - Dojransko ezero
Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, престојуваше во Грција, во работна посета на општина Кукуш. Целта на оваа средба беше потпишувањето на партнерскиот договор меѓу двете општини за реализација на ИПА проектот „Заштита на животната средина на Дојранско Езеро и општина Кукуш“.

Проектот опфаќа реконструкција на постојната пречистителна станица во Нов Дојран и воведување најсовремена технологија на пречистителната станица во Кукуш, за што се одобрени 501.799 евра од кои 309.734 евра ќе добие општина Дојран.

Според наши проценки, до почетокот на летната туристичка сезона Дојран ќе ја добие пречистителната станица со што ќе ги примени најновите стандарди за заштита на животната средина пропишани од Европската Унија, изјави градоначалникот Стамов.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top