Насловна / Арт и дизајн / Фотелјата Clodette на Studioforma ја буди носталгијата од детството

Фотелјата Clodette на Studioforma ја буди носталгијата од детството

Најновата фотелја Clodette, со својата форма и доминантно присуство, ги враќа корисниците во детските спомени кога сè околу изгледаогромно.

1_resize

Со седиште во Цирих, Studioforma е дизајнерско и архитектонско студио кое се занимава со дизајн на мебел, производи и ентериери, како и со големи архитектонски проекти. Основано во 2002 година од Alex Leuzinger и неговиот поранешен деловен партнер, фирмата преминала од архитектонски start-up во меѓународно признато студио за дизајн и архитектура.

2_resize

Додека нивната долга листа на архитектонски проекти ги задоволува потребите на нивните клиенти, нивните креации во сферата на мебел успеаа да заземат место во индустријата на дизајнот, така што нивните производи „зборуваат“ на единствен и посебен дизајнерски јазик, а цело време потпаѓаат под модернизмот и минимализмот.

5_resize

Нивната фотелја Clodette, дизајнирана од Alex Leuzinger, не враќа во времето кога сме биле мали и секој предмет со просечна големина околу нас ни изгледал неверојатно голем. Наслоите за раце и наслонот на столицата направени се во димензии кои му овозможуваат на корисникот удобно да потоне во фотелјата, додека се држи од три страни. Заоблената столица е направена од единици кои се ограничени со прави линии, што помага да се балансира нејзиниот целокупен изглед. Тапацираната бела ткаенина е мека, пријатна и ги надополнува нејзините нежни карактеристики.

4_resize

Кога ќе ја погледнете ова голема столица, лесно можете да замислите како тонете во нејзе додека безгрижно мечтаете, а исто така изгледа и како предмет директно од анимирана претстава или како експериментална скулптура. Оваа фотелја е многу повеќе од парче мебел. Може да се постави во дневната соба за да ја исполни улогата на парче мебел за седење и одмор, да стане декоративен елемент или парче кое ќе започне многу разговори.

Црпејќи инспирација од детската перспектива на светот, го подобрува расположението и ги наведува корисниците да замислуваат магични настани.

3_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top