Насловна / Архитектура / Фондацијата Getty ја поддржа реставрацијата на Историскиот музеј на БиХ во Сараево

Фондацијата Getty ја поддржа реставрацијата на Историскиот музеј на БиХ во Сараево

Престижната фондација Getty е дел од J.Paul Getty Trust, најголема и најбогата уметничка институција на светот. Секоја година нивен стручен тим бира приоритети меѓу најдобрите дела на 20. и 21 век кои треба да се сочуваат и обноват.
Веќе петта година по ред фондацијата Getty обезбедува грантови за конзервација на објекти од 20. век од целиот свет. Проектот Keeping It Modern досега финасиски подржал 54 проекти на реставрација на историски значајни објекти во 28 земји. На листата на наградени проекти за 2018 година се наоѓаат планови за реставрација на објекти од многу земји меѓу кои САД, Италија, Куба, Грузија, Ирска и Либан. Оваа чест припадна и на објект од регионот, Историски музеј на Босна и Херцеговина (1963) проектиран од хрватскиот архитект, професор и академик Борис Магаш со архитектите Едо Шмидихен и Радован Хорват.

istorijski-muzej-bih

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top