Насловна / Вести / Флота од 65.000 електрични автомобили за изнајмување

Флота од 65.000 електрични автомобили за изнајмување

Американската компанија за изнајмување возила Hertz и шведскиот производител на електрични автомобили Polestar најавија глобално партнерство кое вклучува купување на 65.000 електрични возила во текот на пет години. Тие возила ќе можат да се изнајмуваат во Европа веќе оваа пролет. Во САД и Австралија нивната достапност се очекува кон крајот на оваа година.

hertz1

hertz2

И од двете компании истакнуваат дека со ова партнерство ќе се придонесе во глобалниот премин кон електромобилност со иновативно портфолио на производи, а особено се гордеат на фактот што преку овој систем многумина за прв пат ќе имаат можност да возат електричен автоомобил.  За Hertz, овој бизнис потфат е драматична транзиција кон еколошки одговорна компанија.

hertz3

 

Испрати коментар

Scroll To Top