Насловна / Архитектура / Филмот „Архитектон“: Постатвува важни прашања за тоа што ќе оставиме зад себе (ВИДЕО)

Филмот „Архитектон“: Постатвува важни прашања за тоа што ќе оставиме зад себе (ВИДЕО)

Документарниот филм „Архитектон“ на сценаристот и режисер Виктор Косаковски, премиерно беше прикажан на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал во февруари 2024 .

Оваа меѓународна копродукција меѓу Германија, Франција и САД носи епска, интимна и поетска медитација за архитектурата и начинот на кој проектирањето и изградбата на градби од далечното минато ја откриваат нашата деструкција – но и нудат надеж за опстанок и пат напред.

Како камењата и карпите поврзуваат различни општества

Фокусирајќи се на пејзажен проект од италијанскиот архитект Микеле де Луки, Косаковски го користи кругот како симбол за промислување за подемот и падот на цивилизациите, доловувајќи импресивни сцени од урнатините на храмот Баалбек во Либан, кој датира од 60 година од нашата ера, до неодамнешното уништување на градовите во Турција по земјотресот со јачина од 7,8 степени на почетокот на 2023 година.

„Камењата и карпите поврзуваат различни општества – од сабласни монолити закопани во земја до трагични купишта бетонски урнатини што чекаат да бидат отстранети и повторно употребени“, – се наведува во синопсисот.

урнатините на храмот Баалбек во Либан

По светската премиера на 74. Берлинале, каде што беше номиниран во конкуренцијата за најдобар документарец, овој 98-минутен филм беше прикажан на филмски фестивали во Хонг Конг, Франкфурт, Сиднеј, Карлови Вари, Рим и Лондон, добивајќи позитивни критики насекаде.

Според податоците од сајтот Rotten Tomatoes, филмот добил 93% одобрувања на основа на 14 рецензии, со просечна оценка од 7,5/10. Критичарите за филмот рекоа дека е „цврст како карпа“. The Hollywood Reporter ја фали дрон фотографијата и истакнува дека Косаковски креира филмски  јазик кој „кажува повеќе за светот во кој живееме отколку ТВ вестите и документарците на Netflix заедно“.

„Архитектон“ постатвува важни прашања за тоа што ќе оставиме зад себе и што ќе им каже на идните генерации, особено во контекст на современите предизвици како што се војните и климатските промени. „Овој филм не е само рефлексија за архитектурата, туку и длабоко размислување за човечката природа и вредностите што ги градиме со текот на времето“, навеле критичарите.

Испрати коментар

Scroll To Top