Aurora Energy Research, прогнозира дека заклучно со 2040 година, на регионот на Западен Балкан му претстои зголемување на инсталираниот капацитет за 20GW, од кои 65% од обновливи извори. Оваа вест е објавена по заклучување на студијата со повеќе клиенти преку три работилници, откривајќи го зголемениот интерес на инвеститорите во овој регион. Резултатите од анализата покажуваат дека цените на електричната енергија до 2030 година ќе се задржат на нивото од околу 100 евра по MWh.
Aurora Energy Research е провајдер на прогнози за пазарите на електрична енергија и анализи за инвестициски и финансиски одлуки. Формирана е во 2013 година, а нејзиното седиште се наоѓа во Оксфорд. Има 16 канцеларии ширум светот и ги покрива Европа, Северна и Јужна Америка, Азија и Австралија.