Насловна / Арт и дизајн / Фигура за љубителите на Фрида Кало (ВИДЕО)

Фигура за љубителите на Фрида Кало (ВИДЕО)

Дејвид Болие е основач на Today Is Art Day, а неговата мисија е да ја направи историјата на уметноста позабавна и достапна за пошироката публика. Основана е во 2014 година како извор на социјалните мрежи за историја на уметност на Инстаграм, Твитер и Фејсбук.

к3

Секој ден, нова приказна за уметник или уметничко дело се споделува меѓу заедницата од повеќе од 65.000 ентузијасти. Денес Today Is Art Day е извор за социјалните мрежи и компанија за производство на играчки, чија цел е да им ја донесе уметноста на своите фанови на револуционерни начини.

к1

Aко сте љубител на уметност фиурата со ликот на Фрида Кало е совршена за вас. Дизајнирана од Today is Art Day, фигурата од 12.7 сантиметри има карактеристики што ја дефинираат оваа жена уметник, пионер.

к2

Обожавателите на Фрида веднаш ќе ги разберат: надреалистичко срце кое се одвојува; папагал што може да се прикачи; мајмун на грб; четири уметнички дела инспирирани од Фрида и картонски штафелај. Фигурата доаѓа уште и со свеж мирис на дива роза (да, навистина) и спакувана е во кутија. Цената е 29 долари и може да се нарача тука.

Испрати коментар

Scroll To Top