Насловна / Вести / Facebook и Google ќе постават подморски кабел долг 12.000 километри

Facebook и Google ќе постават подморски кабел долг 12.000 километри

Со цел да ја подобрат интернетската поврзаност и доверливост во Азиско-пацифичкиот регион, Facebook и Google го најавија заедничкиот Apricot проект кој предвидува поставување на подморски кабел. Тој ќе биде оперативен до 2024 година, и истовремено ќе влијае и на поврзаноста помеѓу Азија и Северна Америка. Освен овие две гигантски компании, во проектот се инволвирани и компании од Азиско-пацифичкиот регион. Кабелот долг 7456 милји (12.000 километри) ќе ги поврзува Јапонија, Тајван, Гуам, Филипини, Индонезија и Сингапур.

apricot1

Претходно оваа година, Facebook ја најави реализацијата на уште еден проект за подводен кабел кој се состои од два Транс-пацифички кабли кои ќе ги поврзуваат Сингапур и Северна Америка и ќе го зголемат за 70% капацитетот на интернет сообраќајот на оваа рута. Заедно, овие проекти ќе помогнат во исполнување на барањата за широкопојасен интернет, 4G, и 5G услуги во тој регион.

apricot2

Првиот подморски кабел бил поставен во 1858 година за пренос на телеграфски пораки, со помош од владите на Велика Британија и САД. Во последните години, ваквите задачи се реализираат од страна на приватни компании. Google има мрежа од 18 подморски кабли.

 

Испрати коментар

Scroll To Top