Насловна / Архитектура / Фабрички лик трансформиран во современ бизнис блок

Фабрички лик трансформиран во современ бизнис блок

95132Москва доби парче од деликатно и стилски убаво пејзажно место кое се наоѓа во внатрешноста на бизнис блокот „Атмосфера“, реконструиран со проект на бирото ADM. Близу метро станицата Новослободскаја, беа завршени трансформациите на две мали фабрики од почетокот на 20 век, фабриката за сеидба „Поздравете“ и студиото „Reklamafilm“, во бизнис блокот „Атмосфера“. Блокот  веднаш по завршувањето заживеа, во самиот миг кога почна да се шири аромата на кафето од кафетаријата на влезот.

95147 95155Пред интервенциите, зградите се внимателно исчистени и покриени со светлосив малтер со бела завршница, за да се потенцираат деталите на скромната декор фасада. Зградата од советската ера, од 70-тите години, и неколку помали волумени во внатрешноста се „преоблечени“ со шарени керамички плочки на сиви тонови за да се вклопат во целокупниот тон. Старите прозорци од советската ера добија вертикални продолжувања, одделени со тенки врски. Во нивниот долен дел, пак, архитектите создадоа стаклена завеса која крие дел од ѕидот, додека подовите се одвоени со темни челични L-профили, што е пракса за студиото ADM. Сето ова, боеното стакло, мали дополнувања со метал, светло обоените тонови на керамиката, создаваат чувство на светлина и леснотија во новиот создаден лик на современиот комплекс, со посебно внимание кон постоечките детали. Новите фасади несомнено ја прават животната средина посмирена, без чии елементи не би била ништо повеќе од заднина.

146800 146803 146804Единствена импрегнација во историските фасади архитектите прават со печатените големи бројки во светли и впечатливи бои, поставени во стаклото на влезните врати, кои всушност ги претставуваат броевите на зградите. Уникатната комбинација „боја + број“ им помага на посетителите полесно да го најдат својот пат низ блокот и секако да донесат светол и свеж емоционален пресврт во резервираната атмосфера која владее тука.

Три мали атриумски дворови во блокот без моторен сообраќај, формираат неправилен синџир кој се протега од старата московска улица Палиха, преку Сушцевскаја, до следниот кварт. Овој зелен појас, ќе овозможи движење низ дворовите на блокот од еден до друг крај и уживање во мирот што го нудат внатре.146806 146810 151535

Испрати коментар

Scroll To Top