Насловна / Архитектура / Fa House на сред шума во прекрасен и недопрен пејзаж

Fa House на сред шума во прекрасен и недопрен пејзаж

Да го запреме времето не можеме, но да задржиме делче од детството во просторот – тоа можеме. Токму тоа го направил Жан Вервил, автор на куѓата Fa House во Квебек. Малиот објект се темели на голема идеја, која во себе ја акомулира сета моќ и енергија на архитектурата.

1
Изградена по урнек на архитипска фигура на куќа, триаголната призма совршено го илустрира детството, кое како идеја го карактеризира целиот развој на просторот. Концептот на формата се согледува низ интерпретација на детски цртеж на куќа – четири ѕида и кос кров како основни елементи, но архитектот во овој случај ги умножил и комбинирал во необични односи. Целиот волумен го дели на два сегмента со различна висина и меѓусебни пропорции на ѕидови и кровови.

15
Користејќи се со контрасти непроѕирно и транспарентно, темно и светло, Жан Вервил создава графички склоп, кој како две големи дрвја се издига во приватноста на шумата, со што го засилува сонувачкиот аспект на овој архитектонски потфат.

2
На локацијата и се пристапува од една од подолжните страни, каде разликата меѓу двете половини на објектот е посебно јасна и нагласена. Топографијата диктира интересна ситуација при влегувањето. Од левата страна позиционирани се скалите кои водат до нивото на приземјето, каде се спојуваат со платформа која се простира паралелно со фасадата.

16

Над оваа платформа се надвиснува кровот на повисокиот дел од објектот, кој во вид на голема конзола го штити просторот пред себе и придонесува за комфорот на корисникот.

3
Платформата е значаен елемент во дизајнот на куќата, затоа што претставува симболична, но и вистинска врска меѓу недопрената природа и изградениот простор. Големата стаклена површина со црни рамки ја дематерјализира границата меѓу објектот и пејзажот и заедно со платформата го воведуваат корисникот во свет кој итовремено е спрптивставен и неделив – место и архитектура, овозможувајќи му на пејзажот да внесе дел од магијата во просторот.

4
Во ентериерот на куќата доминираат дрвени волумени и отворена основа. Дневниот боравок, кујната и трпезаријата сместени се во приземјето заедно со тоалетот и гардероберот.

5

7

Централно позиционираните скали водат на катот, каде се сместени спалните соби и купатило, додека на самиот врв се наоѓа отворен простор кој може да се користи за забава, работа или одмор.

8

6

10

11

14

13 12

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top