Насловна / Вести / Езерата ширум светот се потопли – им се заканува пад на нивото на водата и загрозување на живиот свет

Езерата ширум светот се потопли – им се заканува пад на нивото на водата и загрозување на живиот свет

Низ светот, температурите на езерата се зголемуваат, а сезонските ледени плочи на нивната површина траат пократко. Освен што овој тренд може да доведе до повлекување на нивото на водата или дури и до сушење на езерата, овие промени влијаат и на нивниот животен систем, околните извори на вода за пиење и риболовот.

ezero

Една неодамнешна меѓународна студија, предводена од Лук Грант од Слободниот универзитет во Брисел, покажува дека промените во просечната температура на езерата и покриеноста со мраз на глобално ниво не се предизвикани од природни временски варијации. Според нивното истражување, овој модел на промена може да се објасни само со зголемените емисии на стакленички гасови од почетокот на индустриската револуција до денес. Во својата работа, Грант и соработниците одат чекор понатаму и предвидуваат каков ефект би можеле да имаат различните климатски сценарија врз езерата во иднина.

ezero1

На почетокот на студијата, авторите ги следеле веќе постоечките набљудувања во езерата ширум светот, кои укажуваат дека водата станува потопла и дека мразот се задржува пократко. Влијанието на климатските промени не е доволно истражено, така што не може со сигурност да се каже дали антропогените емисии на стакленички гасови се причина за негативниот тренд.

Тимот на Грант разви неколку компјутерски симулации со езерски модели на глобално ниво, на кои ги примени климатските модели. Тие забележаа дека сегашното сценарио одговара на модели кои вклучуваат зголемени емисии на стакленички гасови. На овој начин, покрај тоа што покажува јасна поврзаност со климатските промени, моделот им овозможува да го измерат антропогеното влијание во однос на природните варијации.

ezero2

Во продолжение на студијата дадоа предвидување за различни сценарија на затоплување на планетата, кои би можеле да се остварат во следните 50-70 години. Во поблагиот случај, каде што емисиите се помали, моделот покажува стабилизирање на глобалната просечна езерска температура на +1,5 степен Целзиусов, што се совпаѓа со промената на глобалната просечна температура, додека времетраењето на ледената покривка би се намалило за 14 денови. Во иднина, со повисоки емисии, овие промени може да доведат до зголемување за четири степени Целзиусови, па дури и 46 дена пократко за ледените плочи.

Поекстремните температурни промени доведуваат до поголеми прекршувања на постоечката природна норма. Затоа, намалувањето на ефектите од глобалното затоплување игра клучна улога во зачувувањето на езерото.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top