Насловна / Вести / Европските електропреносни оператори се подготвуваат за пеколни горештини

Европските електропреносни оператори се подготвуваат за пеколни горештини

Dalnovodi evropa
Американскиот портал Power Engineering International известува за подготовките на одделни електроенергетски компании и оператори на преносни и дистрибутивни системи во Европа за големи летни жештини.
Во Италија се размислува за повторно стартување на некои веќе исклучени термоцентрали, со цел задоволување на високата потрошувачка поради високите температури. Такви најави доаѓаат и од Европската мрежа на оператори на електропреносни системи (ENTSO-E).
Dalnovodi Evropa sema
Италијанскиот електропреносен систем оператор Terna, подготвува сценарио за совпаѓање на високи температури, ниско ниво на хидроакумулациите и ниско производство за ветерниците и соларните централи. Како резултат на овие симулации, утврдено е дека во ваков случај Италија во текот на ова лето би се соочила со проблеми во снабдувањето во периодот околу 19 часот, доколку температурите се повисоки од  28 °C.
Од друга страна, пак, во Полска се очекува проблеми да се појават во текот на денот и тоа во периодот од 13 до 14 часот. Досега проблемите со покривање на внатрешните потреби од енергија Полска ги решаваше со увоз од Германија, која во последно време има се позначителен удел на произведена енергија од соларните централи. Сепак, количините што можат да се увезат се ограничени поради електропреносните капацитети.

Испрати коментар

Scroll To Top