Европската индустрија за рециклажа на пластиката се соочува со непосреден колапс, предупредува организацијата Plastics Recyclers Europe. Наглиот пораст на евтиниот увоз на рециклирана пластика, падот на побарувачката на рециклати произведени во ЕУ, растечките економски притисоци и прекумерната бирократија доведуваат се поголем број на европски рециклери до гасење на бизнисот, се вели во соопштението. Како што се објаснува во продолжение, сите тие фактори резултираат во намалување на производството и рециклажните капацитети, загрозувајќи го опстанокот на овој стратешки сектор.

Од организацијата Plastics Recyclers Europe, наведуваат дека до крајот на 2025 година се очекува на европската територија да бидат изгубени постројки со значителен вкупен капацитет за рециклирање. Најпогодени од овој негативен тренд се Холандија, Германија и Велика Британија. Се предлагаат мерки за ублажување на состојбата, како што се пристап до ефтина и чиста енергија, како и намалување на бирократијата при добивање и обновување на дозволите.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија