Насловна / Вести / Европа не е подготвена за климатските екстреми со кои се соочува

Европа не е подготвена за климатските екстреми со кои се соочува

Европа се загрева највеќе од сите континенти, и тоа два пати побрзо од глобалниот просек. Европската агенција за животна средина ја објави првата студија за проценка на климатските ризици во Европа. Итно е потребно да се реагира на 21 од вкупно 36-те наведени ризици. Рапидното загревање на Европа ја загрозува енергетската и прехрамбената безбедност, екосистемите, инфраструктурата, водните ресурси, финансиската стабилност и здравјето на луѓето на овој континент, соопштуваат од Европската агенција за животна средина (EEA). Агенцијата ја објави првата студија за климатските ризици во Европа, во која се идентификувани вкупно 36 ризици од пет широки кластери: екосистеми, храна, здравје, инфраструктура, економија и финансии. Во извештајот е анализиран интензитетот на климатските опасности и колку Европа е добро подготвена.

1_30

„Нашата нова анализа покажува дека Европа се соочува со бројни климатски ризици кои растат побрзо од нашата подготвеност, рекла извршната директорка на EEA. За да биде општеството поодговорно, креаторите на европската и националните политики мораат веднаш да делуваат како со брзо намалување на емисиите, така и со силните политики и акции  на прилагодувања, додала таа. Економските загуби од топлотните бранови и поплавите би можеле до крајот на векот да достигнат огромни размери. Потребно е итно да се делува на намалување на осум ризици, кои опфаќаат зачувување на екосистемите, заштита на луѓето од жештините, заштита на луѓето и инфраструктурата од поплави и шумски пожари и издвојување на средства во случај на катастрофа.

1_31

Според наодите од студијата, најзагрозана е јужна Европа. Пожарите, недостатокот на вода и нивниот ефект врз земјоделското производство, влијанието врз жештините на здравјето, како и поплавите, ерозиите и продирањето на солена вода во пониските крајбрежни области, се најголемите ризици со кои овој дел од континентот се соочува. Но, ниту северна Европа не е  поштедена. Авторите укажале на неодамнешните поплави во Германија и шумските пожари во Шведска.

 

Испрати коментар

Scroll To Top