Насловна / Вести / Eurelectric: Вештачката интелигенција е клучна за иднината на електроенергетиката

Eurelectric: Вештачката интелигенција е клучна за иднината на електроенергетиката

До 2025 година, 81% од енергетските компании ќе ја усвојат вештачката интелигенција (Artificial Intelligence – AI), уживајќи во бројните благодети од забрзаниот развој на ова поле, и со тоа ќе постигнат значителен успех во енергетската транзиција кон „чиста“ енергија. Ова се вели во извештајот AI Insights: Енергетскиот сектор во пост дигиталното време, објавено од страна на Eurelectric.

eurelectric1

За почеток, AI може да овозможи побрза декарбонизација на електроенергетскиот сектор. Иако се очекува дека обновливите извори ќе покријат повеќе од 80% од потребите за електрична енергија до 2050 година, нивното поврзување со апликациите од AI, може да доведе до поефикасна интеграција на обновливите извори на енергија. AI апликациите можат да ја поддржат стабилноста на мрежата по пат на прецизни индикатори за управување со оптоварувањето и предвидување на одржувањето, додека следењето на потрошувачата би довело до оптимално совпаѓање помеѓу производството и побарувачката. Паметните броила и напредните сензорски технологии би пружиле мноштво потребни податоци во реално време, но исто така ќе се користат и софистицирани алатки за анализа на овие податоци, внимавајќи притоа на заштитата на приватноста на потрошувачите.

Во свет во кој се случува двојна трансформација кон зелено и дигитално стопанство, ЕУ мора да ги препознае вистинските иновативни проекти кои би ги поддржала во финансирањето, а со кои би била чекор поблиску до исполнување на зацртаната климатска неутралност, заклучува  Eurelectric.

eurelectric2

eurelectric3

Испрати коментар

Scroll To Top