Насловна / Вести / ЕУ со Закон ќе ги унифицира полначите за мобилни телефони

ЕУ со Закон ќе ги унифицира полначите за мобилни телефони

Уште во 2009 година, Европската Комисија ја стартуваше својата кампања One charger for all. Иницијатива која имаше за цел да се намали количинта на отпад продуциран од мноштвото инкомптибилни полначи за телефони.  Токму од Европската Комисија излегоа со пресметка дека неупотребливите полначи генерираат над 51.000 тони електронски отпад на годишно ниво во Европа. Во јуни 2009 година овозможено е потпишување на Меморандум за разбирање, со цел производителите на телефони да се согласат да ги хармонизираат полначите за нивните модели во 2011 година. Но, договорот заврши неуспешно, а подоцна резултираше со потпишување на Писма за намери во текот на 2013 и 2014 година, но повторно од страна на  само мал број производители

Сепак, по 2014 година, членовите на Еврпскиот парламент гласаа за воведување на нов закон кој ќе бара унифицирање на полначите. По долгиот период на подготовка на законот, се очекува наскоро тој да биде конечно усвоен и да стапи на сила.

Во 2009 година Европската комисија утврдила дека на пазарот има над 30 различни типови на полначи за мобилни телефони. Денес, со постојаниот развој на оваа технологија, тој број е сигурно повисок, што од друга страна пак ги прави притисокот и потребата за унификација на полначите уште поизразени.

chargers_1

chargers2

Испрати коментар

Scroll To Top