Насловна / Архитектура / Зошто архитектонските изложби се досадни?

Зошто архитектонските изложби се досадни?

Архитектурата важи за една од највозбудливите креативни области, бидејќи постои нешто посебно во начинот на кој го доживуваме просторот. Но, магијата неретко се губи штом архитектурата се префрли во галериите.

1
Музејот The Royal Academy во Лондон, овој септември ќе отвори амбизиозна изложба посветена на животот и работата на еден од најценетите современи архитекти. Поставката Renzo Piano – The Art of Making Buildings ќе ги претстави некои од најинтересните објекти на италијанскиот мајстор, но се поставува прашањето дали ќе упсее да ги достигне (вртоглаво) високите очекувања на публиката.
Renzo Piano ги потпишува некои од најпознатите модерни светски чуда на архитектурата, како што се Pompidu Centar во Париз, седиштето на New York Times, културниот центар Jean-Marie Tjibaou во Numeа, прочуенито “стакленик“ кој засекогаш го промени лондонскиот хоризонт и со тоа ја разбранува јавноста. Како и во колкава мера неговите проекти ќе успеат да се репродуцираат во галериски простор е тема која ја мачи дел од стручната јавност во Лондон овие денови.

rr

Renzo Piano

„Како да ми се чини дека нема да трчам да ја видам“, пишува уметничкиот критичар Mark Hudson за Telegraph. „Тоа е така затоа што, веројатно како и поголемиот дел галериски посетители, од архитектонската изложба инстиктивно очекувам да биде сувопарна, академска и преокупирана со технички прашања кои не се интересни за пошироката јавност“.
Ова мислење не треба да изненадува. Одамна веќе стана очигледно дека е возможно публиката да ја доживее архитектурата на возбудлив начин, па дури и поинтимен од оној на посета на музеј, а за тоа дури и не морате да посетите одреден објект. Всушност, бројни телевизиски емисии каква што е Grand Designs одлично се покажале во тоа. Тука се уште и интерактивните сајтови и слични медиски содржини.
Kate Goodwin, кустос во The Royal Academy, истакнува дека со изложбата која претстои тоа нема да биде случај, затоа што и самиот Renzo Piano учествува во создавањето и свесен е за тој ризик: „Нашата цел не е да ги менуваме ставовите на луѓето за одредени објекти, туку да им дадеме позадниска приказна која ќе ги збогати нивните перцепции за објектите каков што е The Shard на пример и ќе им помогне да разберат зошто се такви какви се“, вели таа за Telegraph.

сарк

The Shard

Баланс меѓу забава и едукација

Сепак како што приметува Hudson, на досегашните архитектонски изложби обично биле изложени макети и предмети посебно правени за таа потреба, па се добива впечаток дека овие изложби се прават за „пошироки народни маси“, како и тоа дека првенствено имаат задача да забавуваат, а не да едуцираат. Со самото тоа, се поставува прашањето дали е можно да се направи баланс меѓу овие две работи?
На крајот на краиштата, мораме да се помириме со тоа дека класичните (читај: стерилни) архитектонски изложби првенствено се наменети за архитекти – заклучок е на поменатиот текст. Тоа што редовната публика го посакува се изложби кои на имагинарен начин можат да прикажат неуреден и несовршен свет во кој живееме.

Испрати коментар

Scroll To Top