Насловна / Вести / ЕУ: Со вето против рециклирањето на пластика која содржи олово

ЕУ: Со вето против рециклирањето на пластика која содржи олово

Европскиот парламент со вето го спречи донесувањето на регулативата со која би се дозволило рециклирање на пластика која содржи олово. Таква регулатива предложи Европската комисија на рок од 15 години, а европарламентарците ја блокираа на иницијатива на парламентарниот одбор за јавно здравје, животна средина и безбедност на храната. “Оловото е отров, невротоксин кој е опасен за човечкото здравје во мали концентрации. Не постои лимит во концентрацијата на олово кој може да се каже дека е безбеден за здравјето. Пластичните производи кои содржат олово треба во целост да се повлечат од употреба, а не повторно да се пуштаат во оптек преку рециклирањето. Ставивме вето на оваа регулатива и очекуваме Европската комисја да го корегира својот став“, велат од Европскиот парламент.

Европската индустрија која произведува пластични материјали речиси воопшто веќе не користи олово како стабилизатор во производството, додека над 90% такви производи потекнуваат од увоз. Годишно во ЕУ се увезуваат околу 4.000 тони олово во пластиките, додека во рециклажната индустрија циркулираат околу 10.000 тони олово.

pvc1

pvc2

pvc3

Испрати коментар

Scroll To Top