Насловна / Вести / Една капка дожд е доволна за да осветли 100 LED диоди

Една капка дожд е доволна за да осветли 100 LED диоди

Постојат многу обиди за производство на електрична енергија со употреба на дожд, но ниту еден не се покажа како доволно ефикасен за секојдневна употреба. Сепак, постои шанса тоа да се промени во наредниот период.

Дождот може да стане најголем извор на обновлива енергија. Истражувачите успеаја да создадат генератор кој е во состојба да произведе изненадувачки големи напони од капките вода во моментот. Само една капка обезбедува 140V, што е доволно за да запалат 100 мали LED диоди во еден момент. Ова е повеќе од 1.000 пати помоќно од претходните генератори напојувани на ист начин.

Woman under umbrella in rain

Новиот дизајн е заснован на електроди, од кои едниот е алуминиум, а другиот е изработен од индиум оксид и калај обложен со тенок слој на Тефлон, материјал кој има „квази-постојан“ електричен полнеж. Кога капката ја допира површината, тоа создава затворено електрично коло, што помага целосно да се испразни целата складирана енергија. Технологијата може да се користи каде и да врне дожд – колку е пообилен и колку е поинтензивен допирот на капките, толку повеќе енергија ќе произведува.

Овој начин на производство на електрична енергија сè уште е во рамките на лабораториските тестирања, пренесува ПЦ Прес. Тековното испуштање, што сега е постигнато, е релативно едноставно, но само обезбедувањето постојана моќ е основен предуслов за каква било вистинска примена.

dozd1

Потенцијалот секако постои, затоа што ако се надмине овој проблем, ќе биде доволно да се постават такви генератори на било која влажна површина за производство на електрична енергија. Тоа би можело да направи револуција на многу полиња – на пример, ќе обезбеди неограничена енергија на бродовите, а може да добиеме и полначи на електрични уреди со напојување преку отворени чадори за време на дождливите денови.

Испрати коментар

Scroll To Top