Насловна / Вести / Велика Британија вложува 5 милијарди фунти во одржлив јавен превоз

Велика Британија вложува 5 милијарди фунти во одржлив јавен превоз

Велика Британија планира во целост да го обнови и „озелени“ јавниот превоз. Премиерот Џонсон најави вложување во износ од 5 милијарди фунти за обнова на автобуските линии, но и велосипедските патеки за секоја област вон главниот град. Тоа подразбира илјади нови автобуси, подобрување на состојбите на патиштата, поголема фрекфентност на возилата, како и поедноставен возен систем. Се планираат најмалку 4.000 нови автобуси со нулта емисија на штетни гасови, што е во согласност на амбициите на земјата за постигнување климатска неутралност. Покрај тоа, планирани се и оклу 400 километри во нови велосипедски патеки.

Неодамна Одделението за сообраќај на Велика Британија соопшти дека локалните власти во земјата се пред предизвик за тоа кој ќе стане првиот град со електрични автобуси, со што ќе постави навистина високи стандарди кога станува збор за одржлив јавен градски превоз.

johnson1

johnson2

johnson3

Испрати коментар

Scroll To Top