Европската унија, во рамките на проектот HORIZON 2020 – ENERGY, распиша осум конкурси за бесповратно финансирања на проекти, на кои можат меѓу другите да конкурираат мали, средни и големи фирми. Вкупниот буџет за сите отворени конкурси изнесува 1,17 милијарди евра.
Теми на конкурсот се иновативна, одржлива и применета биоекономија; Ефикасни објекти; Паметни градови и заедници; Индустрии на одржливи процеси; Енергетска ефикасност; Зелени возила; Промовирање на заштеда на економија базирана на одржливо снабдување со суровини и ниска употреба на јаглерод и енергетски ефикасни истражување и развој.
HORIZON 2020 е најнова рамковна програма во чиј состав од 2014. до 2020 година со 80 милијарди евра ќе се финансираат истражувачки, технолошки и иновативни проекти. Така за прв пат, под ист именител ќе се најдат проекти за развој и комерцијализација кои ќе треба да го прошират просторот за соработка помеѓу академските институции и индустријата, а со тоа да се обезбеди дополнителна поддршка за економскиот раст и вработувањето во Европа и ширење на Европската истражувачка област. Програмата има за цел да се подобри соработката помеѓу академските институции и индустријата во постигнување на конкретни резултати , при што иновативните мали и средни претпријатија ќе имаат бројни можности за дополнително финансирање на нивните проекти.