Насловна / Екологија / На електричните автомобили брзо им паѓа цената

На електричните автомобили брзо им паѓа цената

electircCarCharger
Иако на електричните автомобили популарноста им расте од ден на ден, нивната вредност на пазарот на половни автомобили значително паѓа. До крајот на октомври, возилата нa електричен погон забележале најголем пад на цената, споредено со другите категории на возила. Така, по само три години, вредноста на електричниот автомобил се сведува на само 20% од неговата почетна цена.

За споредба, кај дизел возилата тој процент е 44,7 а кај бензиските 43,6%. Ова е сериозен удар за најзагрижените љубители на животната средина. За среќа, постои и добра вест, а тоа е дека хибридните автомобили се покажале исклучително отпорни  на падот на цените. Toyota Prius и Honda Insight по три години постигнуваат во просек цена од 45,3% од почетната.

Извор: Tportal

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top