Насловна / Екологија / До 2017 е-отпадот ќе порасне за една третина во однос на 2012

До 2017 е-отпадот ќе порасне за една третина во однос на 2012

e-otpad_1
Според проценките на ОН , износот на е-отпадот ќе се зголеми од 53 милиони тони во 2012 година на 72 милиони тони во 2017 година.
Годишниот износ на нов електронски отпад што ќе се создава во светот до 2017 година, според прогнозите, ќе се зголеми за една третина во споредба со 2012 година, наведуваат во објавената анализа на Обединетите нации (ОН).
Е-отпад, кој е дефиниран како материјал што има батерии или приклучен кабел, може да стане голем проблем поради тоа што често пати содржи супстанции кои се штетни за луѓето и за животната средина, доколку отпадот не се третира на соодветен начин.
Од друга страна, дел од овој отпад може да се рециклира и на тој начин да донесе профит.

Pile of Waste - Electronic Waste Documentation (China: 2007)
Во вкупното количество на е-отпад во 2012 година во најголем дел придонесоа САД со 9,4 милиони тони и Кина со 7,3 милиони тони.
Со анализата не била покриена белата техника, бидејќи за неа во САД постојат рециклирани системи, но е утврдено дека во е-отпадот во САД најмногу се присутни мобилните телефони.
Анализата е објавена во соработка со Институтот за технологија на американската сојузна држава Масачусетс и американскиот Национален центар за електронска рециклажа.
Авторите на анализата повикаа на подобар мониторинг на извозот на е-отпад, наведувајќи дека недостатокот на доследна категоризација на отпадот ја отежнува изработката на ефикасни правила за негов третман.

Испрати коментар

Scroll To Top