Насловна / Вести / ЕУ одобри 645 милиони долари за заштита на морињата

ЕУ одобри 645 милиони долари за заштита на морињата

На меѓународната конференција на Европската Унија „Нашот океан“ собрани се над 7 милијарди долари за заштита на морињата и океаните. Се работи за четврта по ред конференција на оваа тема одржана на Малта, на која ЕУ одобри 645 милиони долари за заштита на морињата и океаните и нивно одржливо искористување. Преку продонесот на уште 112 земји, претставници на големите компании и останатите учесници, собрани се средства во висина од 7 милијарди долари. Со тоа, собраните средства на оваа конференција ги надминаа сите очекувања.

9.+Our+Ocean+Themes C7B5DEtXEAI7vHA

Конференцијата се фокусира на финансирање и водење на проекти за различни проблеми – од борбата против платичниот отпад, до нелегалниот и прекумерен риболов и климатските промени. Значајни средства ќе бидат доделени за зајакнување на борбата против загадувањето на морињата, ширење на заштитените подрачја и поттикнување на „сината економија“.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top