Насловна / Арт и дизајн / Нешто поинакви секојдневни призори во прекрасен уметнички проект

Нешто поинакви секојдневни призори во прекрасен уметнички проект

Исто како и многу други млади уметници, и фотографката Brooke DiDonato ги користи социјалните мрежи како платформа за споделување на своите трудови.

На Instagram ја следат речиси 60.000 корисници, кои редовно се воодушевуваат од она што таа им претставува за нив. Brooke DiDonato како своја база го наведува Њујорк, поточно Бруклин, чии улици се инспирација за нејзините фотографии.фотки_9

Проектот на кој посебно таа е посветена се секојдневните призори, но со одреден исчекор. Како што вели самата таа, местата што ги фотографира изгледаат навистина така во стварноста, но им додава модели или предмети што истите фотографии стануваат мистериозни.фотки_8

Ако ги погледнете нејзините фотографии, ќе забележите дека секогаш изгледаат како нешто да им недостасува, и тоа е она што Brooke DiDonato сакала да го постигне. Таа истакнува дека е  заинтересирана за испреплетување на актуелни и фиктивни елементи, и тоа преку медиуми што обично се сметаат за оние кои само ја пренесуваат реалноста.фотки_7 фотки_6 фотки_5 фотки_4 фотки_3 фотки_2 фотки_1

Испрати коментар

Scroll To Top